More

    Ристовски задоволен, Фернандеш ќе го памети натпреварот со Македонија

    spot_img

    Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски ги искажа своите впечатоци по синоќешниот дуел со Португалија во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022.

    – Сакам да ѝ честитам на Португалија. Одигравме отворен натпревар, Португалија доминираше, но ние си заминуваме со кренати глави. Отидовме на патување на кое никој не би поверувал и можеме да бидеме горди на тоа. Го шокиравме фудбалскиот свет, но треба да продолжиме понатаму и да веруваме дека можеме почесто да учествуваме на вакви големи натпревари. Кога играш против толку големи тимови, против играчи како Бруно Фернандеш и Роналдо, немаш простор за грешка. Но, тоа се случи, а Португалија го искористи тоа. Дадовме сé од себе, се обидовме да го израмниме резултатот, но вториот примен гол стави крај на нашите надежи -изјави Ристовски.

    Средбата во португалски Порто заврши со победа на домаќините со резултат 2:0. Двоен стрелец беше Бруно Фернандеш. Португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш постигна два гола во финалето на плејофот за Светското првенство 2022 година. Португалија синоќа во Порто ја совлада македонската фудбалска репрезентација со 2:0 и обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.

    – Овој натпревар треба да се памети затоа што влеговме на Светското првенство. Беше многу важен натпревар, навивачите беа беспрекорни, атмосферата вечерва беше неверојатна. Луѓето разбираат што ни треба. За мене главната работа е да му помогнам на тимот. Ако е можно и да реализирам. Секако, сите сакаме да постигнуваме гол на секој натпревар, без разлика дали тоа е најважниот или најмалку важен. Не ги губам од вид идеите на нашиот тренер. Секогаш се трудам да го правам она што го бара тренерот. Главната работа е што Португалија победи. Секој има амбиција. Роналдо и јас не сме исклучок. Обично тој постигнува гол, а јас асистирам. Но, овој пат беше обратно – изјави Фернандеш.

    Репрезентацијата на Португалија шести пат по ред ќе учествува на Мундијалот. Последен пат тимот го пропушти овој турнир во 1998 година. На Светското првенство 2006 година стигна до полуфиналето, во 2010 и 2018 година стигна до 1/8 финалето, во 2002 и 2014 година не ја помина групата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img