More

    Алек Болдвин го чека осмото дете!

    spot_img

    Хиларија Болдвин (38), сопругата на Алек Болдвин, откри дека го чека седмото дете со 64-годишниот актер!

    Оваа добра вест доаѓа точно шест месеци по страшната трагедија кога нејзиниот сопруг ја уби Халина Хачинс на снимањето на филмот „Рѓа“. Семејството на директорката на фотографија, Халина Хачинс, која почина во октомври 2021 година за време на снимањето на филмот, сепак, поднесе тужба против актерот и нејзиниот пријател Алек Болдвин, кој ракуваше со пиштолот што ја уби. Сепак, тој има сосема нова и убава причина за среќа, која ја сподели неговата сопруга …

    -„По многу подеми и падови во изминатите години, имаме возбудливи вести и големо изненадување!“, започна Хиларија. „Бевме сигурни дека нашето семејство е комплетно и пресреќни сме поради големото изненадување. Со вас го споделувам и моментот кога им кажавме на децата и како што гледате тие се многу возбудени.“

    „Нашето бебе е светла точка во нашите животи, благослов и подарок во неизвесни времиња“, ја завршила објавата Хиларија.

    Алек и Хиларија имаат шест деца, Кармен, Рафаела, Леонардо, Ромео и Еду, а во март оваа година открија дека на нивното семејство им се придружи и бебето Марија Лусија. Се шпекулираше дека Лусија е родена од мајка-сурогат, а парот се одлучил на овој потег додека Хиларија била бремена со Еда!

    – Им велам на луѓето дека мојата сопруга е колекционерка. Некои собираат автомобили, некои часовници, некои уметнички дела. Мојата сопруга собира бебиња. Таа сака бебиња – изјави Болдвин во емисијата Елен Деџенерис. „Штом бебето наполни три години, кога не се толку забавни како порано, се погледнуваме и велиме: „Време е за уште едно“.“

    Освен децата со Хилари, Алек Болдвин ја има и ќерката Ајрланд, која ја доби за време на бракот со колешката Ким Бесинџер.

    Хиларија доживеа два абортуси пред раѓањето на Еда, а за тоа отворено зборуваше на социјалните мрежи, па дури и го документираше процесот, кога објави серија фотографии и снимки со опис: „Сакам да споделам со вас дека најверојатно ќе доживеам абортус“… набрзо отишла на лекар и дури сподели фотографии од болницата. Вториот спонтан абортус го имаше во четвртиот месец од бременоста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img