More

    Ретро женските обувки се вратија во мода и ја одбележаа оваа пролет

    spot_img

    Овие чевли ќе ја подигнат секоја комбинација и нема да сакате да ги соблечете.

    Без разлика на трендовите, женственоста е секогаш во мода, а кај обувките еден од најженствените модели секако се чевлите со средно висока потпетица и ременче на петицата (т.е. slingbacks).

    Ваков класичен модел на чевли носеа и нашите баби и мајки, а во модерни верзии со шмек на модерност ќе ги носиме и оваа пролет.

    Брендот Прада ги врати во мода пред неколку сезони, следени од многу други брендови и модните девојки великодушно ги прифатија. Затоа што тоа се чевли кои можете да ги носите за секоја пригода – на работа, за вечерни излегувања, кафе со пријателите и многу свечени пригоди. Покрај тоа, тие се толку удобни што можете да ги носите без напор од утро до вечер.

    Како да ги носите? Подобро е да се запрашате како да не, бидејќи овие чевли ја издигнуваат речиси секоја комбинација. До нив поелегантно изгледаат мини здолништата, како и фармерките. Одлично одат со мал црн фустан, додека помодерните и похрабрите ги носат со чорапи.

    Црната и беж верзијата на овие чевли се класика која ќе остане актуелна во наредните години, но моделите во тренди светли бои се добар избор за секоја пролетна комбинација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img