Европската ракометна федерација (ЕХФ) синоќа со жрепка во Берлин ги одреди квалификациските групи за пласман на континенталниот собир 2024 година.
Македонските ракометари ќе играат во групата 1 против Португалија, Турција и Луксембург.
Квалификациите почнуваат во октомври, а Европското првенство ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година во Германија.
Пласман во завршницата ќе обезбедат двете првопласирани, како и четири најдобро третопласирани репрезентации во осумте квалификациски групи:
Состав на групите:
Група 1: Португалија, Македонија, Турција, Луксембург.
Група 2: Норвешка, Србија, Словачка, Финска.
Група 3: Исланд, Чешка, Израел, Естонија.
Група 4: Австрија, Украина, Романија, Фарски Острови.
Група 5: Хрватска, Холандија, Грција, Белгија.
Група 6: Унгарија, Швајцарија, Литванија, Грузија.
Група 7: Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово.
Група 8: Франција, Полска, Летонија, Италија.
РАСПОРЕД ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2024
1.коло 12.10.2022 Македонија – Луксембург
2.коло 15.10.2022 Турција – Македонија
3.коло 08.03.2023 Македонија – Португалија
4.коло 11.03.2023 Португалија – Македонија
5.коло 26.04.2023 Луксембург – Македонија
6.коло 30.04.2023 Македонија – Турција