More

    Радост и топлина за децата без родителска грижа

    spot_img

    По повод големиот христијански празник- Велигден, дел од тимот на компанијата Зегин денеска имаше прилика празнично да се дружи со дечињата од СОС Детско село и заеднички да бојадисуваат велигденски јајца.

    Иницијативата  за овој посебен настан беше на компанијата Зегин и Фондацијата Др. Верица Механџиска, која со задоволство беше прифатена од СОС Детско село. Целта на ова дружење беше желбата  да им се донесе радост и топлина на децата без родителска грижа.

    „Компанијата Зегин со многу љубов подготви подароци за сите деца од селото, како и за децата од згрижувачките семејства кои се наоѓаат надвор од  селото.

    Посетата на СОС  Детско село е најдобриот начин да се воочи какви промени се случуваат во животот на децата и заедницата. Поддршката е клучна, а дружењето со овие деца претставуваше посебно искуство за тимот на Зегин“, велат од компанијата.

    Низ игра,смеа и музика, како и одлично расположение беа бојадисани најубавите Велигденски јајца.

    Со овој благороден чекор компанијатa Зегин уште еднаш ја докажа својата општествено одговорна мисија, со желба и поттик и останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img