More

    Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    – Засега нема договорени разговори со Шолц. Путин беше и останува отворен за контакти – рече Песков.

    Берлин минатата недела соопшти дека ќе испрати 14 од своите тенкови „Леопард 2″ во Киев и дека дозволува сојузничките европски земји да испратат тенкови од германско производство во Украина.

    Во интервју за германскиот дневен весник Тагесшпигел, објавено денеска, Шолц вели дека „исто така сака да разговара со Путин бидејќи тоа е неопходно”.

    – Одговорност на Путин е да ги повлече војниците од Украина за да стави крај на оваа ужасна, бесмислена војна која веќе чини стотици илјади животи – рече Шолц.

    Путин и Шолц последен пат разговараа телефонски на почетокот на декември. Рускиот лидер тогаш рече дека германската и западната линија кон Украина е „деструктивна” и го повика Берлин да го преиспита својот пристап.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img