More

    Путин вели дека на светот му се заканува невидена катастрофа

    spot_img

    Западните земји лажеа кога тврдеа дека на Украина ѝ треба пристап до поморски бродови за да ги ублажи зголемените цени на храната и ризикот од глад во сиромашните земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Според него, повеќето од житото завршило во земјите од ЕУ. Тој истакна дека треба да сменат условите во договорот кој Русија го постигна со Турција и со ОН, јавува РТ. Меѓу другото, тој кажа дека Западот нема сила да ја изолира Русија со санкциите, но дека тие може да бидат закана за целиот свет.

    На економскиот форум во Владивосток Путин ги изнесе своите забелешки за бродовите со жито кои го минуваат Црното Море, а чија шема на движење беше договорена уште во јули со посредство на Турција, а ист таков договор потпиша и Украина.

    – Многу европски нации во изминатите децении и векови дејствувале како колонизатори, а на ист начин дејствуваат и денес. Тие едноставно ги измамија земјите во развој уште еднаш. И тие продолжуваат со измамата. Со ваков став, проблемите со достапноста на храна само ќе се влошат – предупреди Путин.

    – Можеби треба да размислиме за ограничување на извозот на жито и друга храна по оваа рута (од Украина до Европа). На оваа тема дефинитивно ќе се консултирам со турскиот претседател Ердоган. На крајот на краиштата, јас и тој го разработивме механизмот за извоз на украинско жито – рече Путин пренесен од ТАСС.

    Два брода отидоа за Јемен, останатите во богатата Европа
    На 30 август, Програмата за храна на ОН објави дека испратила втора пратка со помош во храна од Украина. Бродот превезувал 37.000 метрички тони пченица во Јемен. Путин нагласи дека само два брода од повеќе од 80 што ја напуштиле Украина всушност патувале во мисии за ослободување од глад.

    Претходно оваа недела, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини западните земји дека не ги отстраниле секундарните ограничувања за извозот на храна и ѓубрива од Русија по постигнувањето на договорот со Украина. ОН, кои го потпишаа договорот со Турција, ветија дека ќе го користат своето влијание за укинување на ограничувањата.

    Економскиот форум чиј домаќин е Русија е годишен настан фокусиран на регионалната соработка во Азија. Путин учествуваше на пленарна седница на вториот ден од настанот, заедно со претставници од Ерменија, Кина, Мјанмар и од Монголија.
    – Невозможно е да се изолира Русија, само погледнете ја мапата на светот. Русија е веројатно единствената земја во светот која може целосно да се снабди со природни ресурси – рече Путин, мислејќи на глобалната криза со храна.

    – Поради политиката на западните земји, кризата со храна се зголемува. Тоа може да доведе до невидена хуманитарна катастрофа – рече рускиот претседател, додавајќи дека Западот е одговорен за глобалното зголемување на цените на храната, кој купува залихи на храна и на тој начин го „провоцира“ растот на цените.

    – Тоа може да се претвори во трагедија за најсиромашните земји – рече Путин, додавајќи дека „санкциите против Русија се закана за целиот свет“.

    – Русија успешно се справува со финансиската, технолошката и економската агресија на Западот – рече Путин, додавајќи дека размислува да го ограничи извозот на жито од Украина, додавајќи дека за тоа ќе разговара со турскиот претседател Ердоган.

    Плативме 50-50 во рубља и јуан, доларот и еврото ја загубија довербата
    Путин се осврна и на економија, доларот, еврото, рубљата…Тој рече дека доларот и еврото ја загубиле довербата.

    – Западните земји ги поткопаа темелите на глобалниот економски систем. Има губење на довербата во доларот, еврото и фунтата стерлинг како валути во кои се вршат трансакции, се чуваат средства и резерви – изјави тој на седмиот годишен Источен економски форум во Владивосток.

    Тој исто така истакна дека оваа тенденција ја турка Русија и многу други нации да се префрлат на други валути, особено кинескиот јуан.

    – Чекор по чекор се оддалечуваме од употребата на овие несигурни, компромитирани валути. Патем, дури и сојузниците на САД постепено ги намалуваат своите заштеди и плаќања во долари, според статистиката… Ќе забележам дека вчера Гаспром и неговите кинески партнери се договорија да го платат гасот во рубли и јуани со поделба 50/50 – рече Путин.

    Откако тој зборуваше, Путин беше запрашан од модераторот што изгубила и што добила Русија во војната во Украина, Путин одговори:

    – Ништо не изгубивме и нема да изгубиме. Главната добивка е зајакнувањето на нашиот суверенитет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img