More

    Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска не замина на конгрес во Бали и со тоа заштеди 14.000 евра

    spot_img

    Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска не замина на конгрес во Бали и со тоа заштеди 14.000 евра, соопшти денеска Судот.

    Кацарска била поканета да учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, кој се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија.

    „Со оглед на економската ситуација во Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14.000 евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество“, соопшти Судот.

    Централна тема на Конгресот била „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов за мир; „Апликации до уставните судови; „Независноста на уставните судови (преглед); и „Базата на податоци на Венецијанската комисија.

    Светската конференција за уставна правда обединува 119 уставни судови и совети и врховни судови во Африка, Америка, Азија, Австралија/Океанија и Европа. Ја промовира уставната правда како уставна ревизија, вклучувајќи ја и судската пракса за човекови права – како клучен елемент за демократијата, заштитата на човековите права и владеењето на правото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img