More

    Престижна награда за рок-легендата Жељко Бебек

    spot_img

    Легендарниот рок пејач Жељко Бебек, најпознат како пејач на групата „Бијело дугме“, годинава ќе добие „Златната Бубамара“ за животно дело, соопшти манифестацијата што ќе се одржи на 12 мај во Арената „Борис Трајковски“.

    Уште за време на постоењето на „Бијело дугме“, Жељко започна респектибилна соло-кариера.

    Роден е 1946 година во Сараево. Од мал се интересирал за музика и уште во училишните денови научил да свири на мандалонина, па потоа и на гитара. Во гимназија почнал да пее со групи, прво со „Ехо 61“, чиј член бил Корнелије Ковач. Во 1960-тите години преминал во групата „Кодекс“, една од позначајните сараевски групи во тоа време. 1969 година се сретнале со Горан Бреговиќ и почнале да настапуваат заедно – во Италија. Од ова релативно неуспешно искуство Бреговиќ и Бебек во 1972 ја создаваат групата „Јутро“, која во 1974 е преименувана во „Бијело дугме“. Се друго потоа е – историја.

    Со „Бјело дугме“ Бебек сними 12 албуми кои се основа на антологијата на екс-ју рок-музиката. Уште во време на постоењето на „Бјело дугме“, тој сними и неколку соло албуми, чија популарност не беше ни приближна на онаа постигната со хитовите на „Дугме“. Според општата оценка на музичката критика, Бебек на секоја песна на „Бјело дугме“ и даде единствено доживување што никој друг пејач не успеа до го постигне. Откако ја напушти групата сними 14 албуми, од кои излегоа некои големи хитови, кои го потврдуваат и натаму неприкосновениот примат на Бебек како еден од најдобрите машки вокали во поширокиот регион.

    ФОТО: Фејсбук

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img