More

    Преку анализи ќе им се излезе во пресрет со струјата

    spot_img

    Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ) прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините кога е во прашање набавката на електрична енергија.

    Како што изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во „Стадион“ на Канал 77, најголем број од општините и јавните комунални претпријатија набавуваат електрична енергија на слободниот пазар.

    – Но, за жал, имаме детектирано дека дел од општините се останати кај крајниот снабдувач што е 50 отсто од берзата хупекс – некои поради немарност, некои поради тоа што снабдувачите им ги раскинале договорите. Малите општини или помалите јавни претпријатија се на регулираниот пазар и кај нив состојбата е стабилна – истакна Бислимоски.

    Според него, РКЕ донесе одлука со која ги тргна повластените производители од регулираниот пазар и ослободи околу 230 киловатчасови кон слободниот пазар.

    – Оваа енергија за слободниот пазар е два пати поевтина од онаа на берза – рече Бислимоски.

    Тој посочи дека пробелмот со кој се соочуваат општините е кај јавните комунални претпријатија кои мора да си ја зголемат ефикасноста.

    – Анализите што ги прави РКЕ, без да посочувам во која општина, во едно комунално претпријатие се гледа дека има 550 вработени, а еден кориснички центар на ЕВН на поголема територија работи со 50 луѓе. Јавните комунални претпријтија не се ефикасни и се превработени, најголем број од трошоците одат на плати – посочи Бислимоски.

    Во однос на цената на водата, појасни дека РКЕ не ја определува крајната цена на водните услуги, туку опсегот од минимална до максимална цена.

    – Советите на општините си ја определуваат цената. Ако не се задоволни од тоа што нивните совети си определиле, можат да влезат во постапка за промена – потенцира Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img