More

    По серискиот прељубник, нашла оженет силеџија?!

    spot_img

    Раперот Треј Сонгз и Клои Кардашијан биле видени заедно на последната забава во организација на пејачот Џастин Бибер.

    Странските медиуми тврдат дека поранешните љубовници некое време воделе приватен разговор, односно дека цела ноќ се дружеле.

    Наводно, Клои и Треј инсистирале да бидат сами и сите да ги остават на мир одредено време.

    Да потсетиме, Треј и Клои биле уловени во 2016 година како страсно се бакнуваат, а пото уште неколкупати беа видени како заедно го поминуваат слободното време. Ја прекинале врската нешто пред Клои да започне врска со кошаркарот Тристан Томпсон, таткото на нејзината ќерка.

    Откако не е со Тристан, Клои упорно работи на физичкиот изглед, а последен пат имавме можност да ја видиме на отворањето на продавницата СКИМС во Мајами, во друштво на сестра ѝ Ким.\

    Може да се каже дека коментарот на Тристан за новиот партнер бил прилично јасен. На Инстаграм споделил цитат кој говори за прекинот на чувството на вина поради минатите одлуки.

    „Дозволете си иднината да ве возбудува, наместо да чувствувате мачнина. Нека сегашноста ви биде дар за да се чувствувате живи, а не проклетство што ве тера да живеете во минатото или иднината.“

    Интересно е што новиот партнер на Клои Кардашијан има сопруга, а наводно ги поминува ноќите со Клои. Идентитетот на жената на Треј бил откриен во 2020 година, иако со години се во брак. Истата жена, Каро Колон, му родила син во 2019 година.

    Многумина сметаат дека Клои едноставно не знае да одбере кога станува збор за мажите, а Треј Сонгз е исклучително лош избор ако го разгледаме неговото минато со жените. Извори блиски на Клои тврдат дека таа отсекогаш го сметала Треј за привлечен и уживала во времето поминато со него.

    Имено, Треј Сонгз неколкупати бил обвинет за сексуално и психичко злоупотребување од страна на различни жени, како и за насилство во односите, наведува „Пејџ сикс“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img