More

    Португалските медиуми го „удрија“ Роналдо: „Не смее да биде стартер на Мундијалот!“

    spot_img

    Португалскиот новинар Зак Лоури изјави дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо не заслужува да биде стартер во националниот тим на претстојното Светско првенство во Катар.

    Португалија е поразена на домашен терен од Шпанија со 1:0 во натпреварот од последното коло од А дивизијата на Лигата на нации. Шпанија се пласираше на завршниот турнир, додека Португалија го освои второто место.

    „Апсолутно нема логика Роналдо да биде стартер на Светското првенство. Не кога таму го чекаат своето место Рафаел Леао, Педро Нето, Жоао Феликс и многу други талентирани играчи. Уште една лоша игра за Роналдо“, изјави Лори.

    Португалските медиуми потсетуваат дека Роналдо оваа сезона е во лоша форма. Тој оваа сезона одигра само осум натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна само еден гол.

    Португалија на Мундијалот ќе игра во групата Х со Уругвај, Гана и Јужна Кореја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img