More

    Горан Бреговиќ откри дека бил вљубен во Лепа Лукиќ, пејачката му возврати

    spot_img

    Горан Бреговиќ (74) откри дека во младоста бил вљубен во Лепа Лукиќ (84), и дека бил целосно импресиониран од нејзината појава. Фронтменот на „Бијело дугме“ ја открил оваа тајна во големото интервју кое го даде за магазинот„Недељник“.

    – Бев вљубен во Лепа Лукиќ. Не мислам вљубен во неа како во жена, бев вљубен во нејзиниот хумор. „Бијело дугме“ живееше изолирано, никогаш не се плеткавме со естрадата. Па, тогаш одеднаш се појави желба повеќе да работиме, бидејќи работевме малку, свиравме еднаш на секои три години, и ајде, одеднаш се појави таа турнеја на ТВ ревија и одеднаш се најдовме опкружени со естрадата. Тоа за нас беше чудо невидено – се присетил музичарот, а потоа продолжил:

    – Тој свет кој имаше некаков хумор што ние не го знаеме, свет што живее на начин и се радува на работи што првпат ги гледаш. Лепа Лукиќ ја гледав како чудо. Бев вљубен на некој начин, не сега во смисла да скокам на Лепу Лукиќ, веројатно затоа што првпат се среќавав со шоубизнис естрадата, па бев импресиониран од неа. Таа зборуваше некои неверојатни работи, поради кои мајка ти би ти удрила шлаканица ако се обидеш да повториш таква нешто, но во исто време беше толку духовито и со таков шарм, што веројатно само југот на Србија го има на таков начин. И тоа беше големо откритие за сите нас, не само за мене – се присетил Брега во интервјуто за „Недељник“.

    Кралицата на народната музика била шокирана и изненадена од изјавата на Бреговиќ.

    – Првпат слушам за тоа. Брега никогаш не ми го кажа тоа. Дали навистина тој тоа го изјави? Што рече? Ги имавме ние тие турнеи одамна, одевме со автобуси со по 30 пејачи. Беше и „Бијело дугме“, се сеќавам. Убаво е што бил вљубен во мене, Брега е сепак Брега, не кој било. Ме импресионира, но сега е доцна, имам многу години (се смеела). Тогаш немав никаква врска со него. Беше многу одамна, тогаш сите бевме млади – изјавила Лукиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img