More

    Помалку од половина Германци штедат енергија

    spot_img

    Помалку од половина од германските граѓани штедат енергија откако владата предупреди дека може да биде принудена да ја рационализира потрошувачката поради намаленото снабдување со руски гас, според истражувањето на ЈуГов. Вкупно 39 отсто од учесниците во истражувањето ги намалиле трошоците, открива ЈуГов во истражувањето нарачано од новинската агенција ДПА.

    Во групата „штедливи“ 11 отсто од нив изјавиле дека почнале да штедат енергија веднаш по почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, а 28 отсто признале дека ја намалиле потрошувачката само во изминатите четири недели.

    Дваесет и седум отсто од нив решиле да преземат мерки за намалување на потрошувачката уште пред војната. Популарна мерка е пократко туширање со вода на пониска температура, избрано од 49 проценти од „штедачите“ на енергија. Нешто повеќе од половина (53 проценти) го намалиле бројот на електрични уреди во режим на мирување.

    Секој десетти испитаник гледа помалку филмови и ТВ серии, а 18 отсто од нив готват помалку. Во групата на оние кои се уште немаат намалена потрошувачка на енергија, само девет отсто од нив не планираат да го сторат тоа во иднина, пред се затоа што не гледаат потенцијал за заштеда. Петнаесет отсто од испитаниците имаат намера да ја намалат потрошувачката на енергија, а 10 отсто не сакаат да се посветат на такви мерки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img