More

    Полуостровот според устав е руска територија

    spot_img

    Статусот на Крим е решен за Русија и Москва нема да разговара за ова прашање со Украина или со која било друга страна, изјави во средата на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој го коментираше исходот од мировните преговори во Турција. Во преговорите, Украина предложила решение за решавање на статусот на Крим со рок од 15 години без употреба на сила, пишува РТ.

    Москва не се согласува.

    – Крим е дел од Руската Федерација. Според нашиот устав, не можеме со никого да разговараме за судбините на руските територии, за судбините на руските региони. Тоа не доаѓа предвид – рече Песков.

    Полуостровот Крим во 2014 година гласаше за повторно приклучување кон Русија, на спорниот референдум, по насилниот државен удар поддржан од Западот во Киев, кој ја собори украинската влада. Украина тврди дека гласањето било нелегитимно и сега го нарекува Крим „привремено окупирана украинска територија“. Украинските власти рекоа дека под никакви околности нема да се откажат од своето тврдење за регионот.

    Крим беше дел од Русија до 1954 година, кога советската влада го префрли под контрола на Киев, додека двете земји беа дел од сојузна држава.

    Денешниот ден преговори во Истанбул заврши со впечатокот дека не е направено големо поместување. Вчера пак, украинската делегација ѝ достави на Русија писмен предлог за тоа како би можел да се реши вооружениот конфликт меѓу двете нации.

    Според Москва, Украина изјавила дека е подготвена да вети дека ќе остане неутрална нација и дека нема да биде домаќин на странски војници на нејзина територија. Киев рече дека во замена, сака безбедносни гаранции слични на НАТО од водечките светски сили, вклучително и Русија.

    Главниот руски преговарач, Владимир Медински, рече дека Украина се обидува да вклучи „делови“ од регионите Доњецк и Луганск во дефиницијата на нејзината територија заради безбедносни гаранции и нагласи дека предлозите на Украина нема да бидат нужно дел од финалниот документ.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img