More

    Се очекува голем пад на германската економија

    spot_img

    Очекувањата за влошување на деловната клима и пад на економијата во Германија поради војната во Украина и енергетската криза ги алармира и македонските бизнисмени чие производство и извоз е директно поврзано со германската економија. Автомобилската индустрија веќе ги чувствува последиците од принудното намалување на производството и затворање на дел од германските компании во оваа индустрија, а кај текстилната индустрија која најмногу работи за Германија се чувствува загриженост иако моментално нема најави за откажување на договорените нарачки, бидејќи не се чувствува пад на потрошувачката таму.

    Индикаторот за деловна клима на Економскиот институт од Минхен (Ifo) објавен деновиве за Германија падна на 14-месечен минимум од 90,8 во март 2022 година, а за наредните 6 месеци се очекува тој дополнително да падне за 13, 3 отсто поради недостиг на суровини. Најголем пад од 15 отсто се очекува во автомобилската индустрија.

    Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство вели дека анализата на Економскиот институт во Минхен ги покажува реалните очекувања на бизнисмените кои се преточени во рални бројки.

    – Европа и Германија, па оттаму и ние  реално сме соочени со неповолните случувања од војната во Украина и нарушувањето на синџирите на снабдување. Дел од европските компании веќе затворија или го намалија производството. Плановите се дека оваа индустрија во Европа и Германија драстично ќе го намалува производството на автомобили. Проблемот се усложни дополнително и со затворањето на кинескиот град Шангај поради пандемијата со што е затворен пристапот до репроматеријали на неодредено време, бидејќи не се знае што ќе се случува. И таму некои компании затворија. Сето тоа веќе има одраз и кај нас. Дел од компаниите од автомобилската индустрија и кај нас го намалија производството, некои испратија работници на принуден одмор, намалени се смените на две или една и не се работат викендите – вели Мизо.

    Според него, изгледите за подобрување на состојбата во наредниот период не се многу добри.

    Текстилната индустрија која е еден од главните извозници во Германија моментално нема проблеми со нарачките, бидејќи сè уште не е забележан пад на потрошувачката во Германија.

    – Ако се остварат овие очекувања за германската економија тоа ќе има директни последици на работењето на македонските извозници и а ќе има и влијание на извозот од земјава. Тоа најпрво ќе се почувствува кај компаниите во Технолошко-индустриските зони каде што мислам дека веќе има ефекти и текстилната индустрија кои се поврзани со германската економија. Мислам дека ако не годинава ваков висок пад на германската економија многу лошо ќе се почувствува кај нас следната година. Како индустрија досега немаме најави за намалување на нарачките од нашите партнери во Германија, но на подолг рок, ако ова сценарио се оствари ќе има пад на потрошувачката и пад на нарачките. Моментално загрижува состојбата со затворањето на одделни кинески региони поради ковид-19 од каде се обезбедуваат репроматеријали за германската и оттаму и нашата индустрија. Сето тоа, ќе има негативни последици на работењето на нашите компании и секако на вкупниот извоз од земјава – вели Ангел Димитров од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе.

    На ова деновиве предупреди и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески кој рече дека македонската економијата веќе ги чувствува последиците од случувањата во германската економија. тој побара итна реакција од владата.

    – Ние предупредувавме дека тоа ќе се случи и денес тоа го имаме како последица бидејќи дел од работниците седат дома и не работат а проблем е што не се работи во повеќе смени. Зборуваме во име на 594.243 лица, вработени во приватниот сектор. Така што мислам дека е јасна тенденцијата за што зборуваме, во чие име зборуваме и каде треба да се насочат активностите – рече тој.

    И директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава Патрик Мартенс веќе предупреди  на негативниот ефект од запирањето на работата на германската автомобилска индустрија и војната во Украина во земјава.

    – Германските производители во автомобилската индустрија се принудени да го запрат своето производство. Ова има директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во РС Македонија. Поради виша сила, им се заканува стопирање на производството на производителите од автомобилската индустрија кои се дел од интернационалниот синџир на добавувачи во РС Македонија – изјави тој.

    Германија е најголем трговски партнер на земјава. Во јануари годинава, според податоците на Државниот завод за статистика, извозот во Германија се намали за 13,6 отсто, а увозот порасна за 4,5 отсто.

    Лани, пак, трговска размена достигна 4,7 милијарди евра, што беше зголемување за 23,6 отсто во споредба со 2020 година. Извозот забележа раст од 24,8 отсто, додека увозот од Германија се искачи на 1,2 милијарди евра, што претставува раст од 20,6 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img