More

    Песков го обвини НАТО, Киев впери прст кон Москва

    spot_img

    Кој ги гранатираше петте населени места во про-рускиот регион Донбас вчера во доцните часови? Додека Киев ја обвинува Москва, првиот човек на Кремљ, Дмитриј Песков го обвини НАТО за вршење „нескриена информативна агресија против Русија“ и за нова ескалација на конфликтот. Според него, гранатирањето „е предмет на многу, многу длабока загриженост“.

    – Многу пати предупредувавме дека прекумерната концентрација на вооружените сили на Украина, до линијата на контакт, заедно со можноста за провокации, може да биде многу опасна. И сега гледаме дека овие провокации се случуваат – изјави Песков.

     

     

    Сликите од градинка која беше разурната во нападите прошетаа по светот. Според Луганската народна милиција украинските сили фрлиле 162 гранати врз побунетите региони. Но, ова го демантираше украинското МНР. Неговиот прв човек, Дмитро Кулеба побара меѓународно да биде осудена акцијата во селото Станица, која според Украина е организирана од Русија.

    Тој на Твитер објави дека при гранатирањето, кое е нарушување на Договорите од Минск, оштетена е цивилна инфраструктура.

    фото: МИА

    Ова е спротивно на приказните од руските медиуми. Според дописникот на Индепендент во Москва, при гранатирањето на детска градинка во регионот на Донбас, повредени се три лица. Меѓу нив нема деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img