More

    Падот на цената на нафтата го поттикна растот на Волстрит

    spot_img

    На Волстрит во вторникот цените на акциите нагло пораснаа, прекинувајќи ја повеќедневната негативна низа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од падот на цената на нафтата под 100 долари за барел, намалувајќи ги стравувањата од натамошно зголемување на инфлацијата.

    Dow Jones порасна за 599 поени или 1,82 отсто, на 33.544 поени, додека S&P 500 скокна за 2,14 отсто, на 4.262 поени, а индексот Nasdaq 2,92 отсто, на 12.948 поени.

    Инвеститорите беа охрабрени од падот на цената на нафтата под 100 долари за барел, за прв пат по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари. Пред една недела цената на барелот достигна 139 долари, највисоко ниво од 2008 година.

    На лондонскиот пазар цената на барелот вчера падна за 6,5 отсто, на 99,90 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 6,4 отсто на 96,44 долари.

    Ова се најниските цени на „црното злато“ за речиси три недели, а падот се должи на надежта на инвеститорите дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе резултираат со договор.

    Оттука, ублажени се стравувањата од нарушување на испораките на нафта од Русија, но и од натамошен раст на инфлацијата, која во САД е на највисоко ниво во последните 40 години.

    Како резултат на тоа, вчера цените на акциите пораснаа во 10 од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500. Поради големиот пад на цената на нафтата падна само енергетскиот сектор и тоа за 4 отсто.

    Извештајот објавен вчера покажа дека во февруари продуцентските цени во САД пораснале за 0,8 отсто на месечно ниво, нешто помалку од очекуваното и побавно од еден месец претходно, но на годишна основа тие цени пораснале за повеќе од 10 отсто.

    „Фактот што цените на производителите пораснаа малку побавно од очекуваното ги поддржа очекувањата дека ФЕД ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени. Но, ќе видиме утре“, изјави Кен Полцари, партнер во Kace Capital Advisors.

    Во вторник започна дводневната седница на лидерите на централните банки на САД, а нивните одлуки ќе бидат објавени во среда.

    Речиси е сигурно дека ФЕД за прв пат по три години ќе ги зголеми клучните каматни стапки, имајќи предвид дека инфлацијата во САД со месеци е на највисоко ниво во последните 40 години, близу 8 проценти.

    Повеќето аналитичари очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени. Сепак, поради високата инфлација, која може дополнително да зајакне во наредниот период поради неодамнешниот силен раст на цените на енергијата и суровините, можно е поагресивно зголемување на каматните стапки.

    И на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE индекс се намали за 0,25 отсто, на 7.175 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,09 отсто, на 13.917 поени, а париски CAC 0,23 отсто, на 6.355 поени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img