More

    Осум мртви по разорните поплави во Кентаки

    spot_img

    Најмалку осум лица загинаа откако обилните врнежи предизвикаа поплави во американската сојузна држава Кентаки во четвртокот, изјави нејзиниот гувернер, стравувајќи дека бројот на жртвите ќе се зголеми.

    „Ова може да биде најлошата поплава во поновата историја, разорна и смртоносна“, изјави гувернерот Енди Бешеар во време кога бројот на исчезнати не беше познат, а дождливото време се очекува да продолжи до петок.

    „Засега можам да потврдам осум загинати, но тој број расте од час во час“, додаде тој. Очекува, како што рече, „двоцифрена“ бројка на жртви.

    Околу Џексон, некои патишта се претворија во реки со некои автомобили оставени.

    Некои делови во четвртокот беа поплавени со светло-кафеава матна вода над која беа видливи само покривите на зградите и дрвјата. Во такви околности, многу жители побарале засолниште на покривот од својата куќа, чекајќи помош.

    „Дваесет до триесет“ лица беа евакуирани по воздушен пат, додаде Бешеар во четвртокот вечерта за локалната телевизија.

    Поради климатските промени предизвикани од човекот, се зголемува количината на водена пареа во атмосферата, што го зголемува ризикот од прекумерни врнежи, проценуваат научниците. Дождот, заедно со другите фактори, особено преголемата развиеност на теренот, влијае на се почестата појава на поплави.

    Во некои делови на Кентаки за 24 часа паднале 8 инчи дожд, а до петок навечер се очекуваат повеќе врнежи, па предупредувањето за поплави останува на сила.

    Демократскиот гувернер прогласи вонредна состојба во некои окрузи, а во спасувањето се вклучени четири хеликоптери и чамци на Националната гарда.

    Околу 25.000 луѓе беа без струја, а некои без вода за пиење во таа држава во четвртокот, рече гувернерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img