More

    Основачот на турската платформа за криптовалути е уапсен во Албанија по налог на Анкара

    spot_img

    Основачот на фирмата за трговија со криптовалути Тодекс, осомничен дека побегнал од Турција со имотот на своите клиенти, е уапсен во Албанија, соопшти турското МВР.

    Министерот за внатрешни работи на Албанија утрово го известил министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, дека во Валона е уапсен основачот на Тодекс, Фарук Фатих Озер“, се наведува во соопштението.

    Идентитетот на Озер беше потврден со биометриски тестови.

    Во април 2021 година, Турција издаде меѓународна потерница за Озер, кој побегна од земјата со околу две милијарди долари.

    Илјадници Турци поднесоа кривични пријави против компанијата, тврдејќи дека биле измамени и дека не можеле да пристапат до нивните сметки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img