More

    Османи соопшти дека македонскиот амбасадор веќе патува кон Молдавија

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција истакна дека македонските дипломати се на пат да ја напуштат Украина.

    – Преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме некако пред околу половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија. Но, исто така успеавме денеска да започнеме процес на евакуација на нашите монитори во рамки на специјалната мониторинг мисија. Знаете дека имавме 30 монитори таму, дел од нив во моментов се упатени кон Молдавија, дел од нив кон Полска, меѓутоа само што се тргнати, така што во моментов се на пат и не можам да дадам повеќе детали освен дека се тргнати во еден конвој за напуштање на Украина – кажа Османи.

    Одговарајќи на новинарски прашања, Османи посочи дека членовите на семејствата на дипломатите ги вратиле пред две недели, додека дипломатите останале за да излезат последни, затоа што прво им било важно да излезат граѓаните, а потоа на крај и дипломатите.

    – Затоа до последен момент откако почнаа воените активности таму дипломатите од скривница даваа патни листови на граѓани на различни форми, но сепак вчера донесовме одлука тие да се евакуаираат на безбеден начин. Тоа успеаја да го направат денеска. Станува збор за двајца дипломати и уште двајца граѓани кои беа заедно си дипломатите во Амбасада, наши државјани. Едно семејство случајно е придружено со дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ која се упатува кон Молдавија, со други граѓани сме во комуникација за да најдеме начин како да ги извлечеме, вклучувајќи ги и семејствата на нашите државјани кои се украински државјани. Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина, помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обебезди безбедносен коридор за евакуација – рече Османи.

    Министерот додаде дека добиле барање од Украина за конркетна помош пред се во единции на крв, медицински помагала и лекови, но и други средства кои преку Механизмот на цивилна заштита на НАТО и на ЕУ се координаираат во државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img