More

    Османи отфрла провокации, но сигурен е дека има кочничари на процесот

    spot_img

    Има чинители во Бугарија кои прават обиди за блокада процесот на преговорите да не продолжирече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи коментирајќи ја изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев за тоа дека на македонизмот не му е место во ЕУ.

    – Провокациите ги отфрламе. Им велиме дека сме посветени на преговорите. Инаку ние во преговорите рековме дека нема да можеме да направиме уставни промени сега, туку дека тоа ќе го направиме на крајот од преговорите – рече Османи.

    Радев при посетата во Германија во понеделникот изјави дека нема да дозволи македонизмот да влезе во ЕУ, како и идеите на Коминтерната и на бивша Југославија.

    – Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот. Во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната – изјави Радев по средбите со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларот Олаф Шолц во Берлин.

    Османи денеска го најави вториот Преспа форум дијалог кој ќе се одржи од 16 до 18 јуни во Охрид. „Колку е подготвен нaшиот регион за актуелните предизвици“ е една од темите за кoја ќе се дебатира на дијалогот на кој присуството го потврдија претставникот на американскиот Стејт департмент Габриел Ескобар, на ЕУ Мирислав Лајпак, како и многу други премиери, претседатели и министри за надвирешни работи од регионот, од Европа и од други делови во светот. Неизвесно е само дали ќе дојдат претставници на Грција и на Бугарија.

    Вториот форум ќе се одржи на годишнината од Преспанскиот договор, а за нас е битен и поради тоа што од догодина го преземаме претседателството на ОБСЕ, рече Османи.

    Европскиот парламент, пак, како што објави МИА, денеска ќе расправа за Извештајот на европратеникот Илхан Ќучук за напредокот на земјава, во кој ЕУ се повикува да ги процени историски важните безбедносни импликации за стабилноста и единството на европскиот континент и на Западен Балкан поради рускиот напад врз Украина.

    Во документот се упатува „итен повик“ до земјите од ЕУ да покажат единство со формално отворање на пристапните преговори со Скопје и со Тирана, земајќи ги предвид геополитичките импликации и исполнувањето на официјалните барања, како што се инвестициите во доверба, стабилност, напредок и помирување во регионот, а се забележуваат и опасностите од растечката економска и енергетска зависност на целиот регион од Кина и Русија.

    Се очекува Европскиот парламент да го поздрави процесот на зајакнување на односите на Северна Македонија со соседните земји и зајакнатата регионална соработка содржана во Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Се очекува европратениците да ги повикаат сите земји да продолжат да водат конструктивен дијалог за да се обезбеди целосна, доследна и совесна имплементација на двата документи, воздржувајќи се од дејствија кои би можеле да го поткопаат пристапот во ЕУ и пошироките европски интереси а Европската комисија да ги засили своите напори да го олесни дијалогот и на тој начин да го отвори патот одржлив договор.

    Извештајот изразува поддршка за Скопје и Софија да најдат заемно прифатливо решение за отворените билатерални прашања и силно го поздравува политичкиот поттик за широка, конструктивна комуникација меѓу двете земји, барајќи нова заедничка основа во многу области од заемен интерес наместо дополнителни линии на поделба.

    „Партнерите се охрабруваат да ја забрзаат оваа заложба со добра волја и во согласност со билатералниот договор и да ги започнат пристапните преговори, искрено стремејќи се да постигнат заемно прифатливи, избалансирани и трајни решенија за отворените билатерални прашања што е можно поскоро, се додава во документот.

    Во Извештајот се бара продолжување на работата на учебниците по историја за училиштата во Бугарија и Северна Македонија и се нотира „важноста од заштитата на правата на сите заедници и ефикасна борба против сите случаи на дискриминација“ и се препорачува „Владата во Скопје да обезбеди еднаква уставна заштита на правата на сите етнички заедници и да го заштити нивното културно наследство, јазици и традиции преку еднакви, инклузивен и недискриминаториски пристап до образованието и медиумите.

    Со документот се повикуваат властите во Северна Македонија да ги спречат и да ги гонат сите наводи за непријателство и омраза, злосторства од омраза и заплашување, да истражат напади во такви случаи и да обезбедат безбедност и безбедност на оние против кои се насочени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img