More

    Од 83-та Владина седница: Усвоени материјали за регулирање на односите со Европската комисија: За три месеци продолжено замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи

    spot_img

    Владата на денешната 86 седница реши да ги замрзне маржите на главните прехранбени производи уште три месеци, односно до 31 декември. Се вели дека со одлуката се ограничува растот на цените на мало. Маржата за друшва и поедници за бел леб, бел шеќер, сончогледово масло останува 5 отсто, додека за брашното, макароните, шпагетите, мелото и јајцата останува 10 отсто. Освен ова, беа донесени и одлуки за исплата на пензиите, за покачување на платите на давателите на услуги во детските градинки, а беше потпишана и спогодба за финансиско партнерство со Европската Унија.

    Еве ги денешните одлуки.

    Преку ИПА III ќе се води финансиското партнерство со ЕУ

    На денешната седница беше и утврдена Рамковната спогодба за финансиско партнерство за ИПА III, претставува најважен акт со кој се регулираат односите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија во спроведувањето на ИПА III, а произлегува од регулативи на Европската Унија кои треба директно да се применуваат по склучувањето и влегувањето во сила на оваа Спогодба.

    ИПА III програмата служи за поддршка до целосно усогласување со вредностите и практиките на Унијата. Заменик-претседателот на Владата, Бојан Маричиќ, ја потпиша спогодбата како Национален ИПА координатор.

    Разгледан е напредокот на родовите политики

    На седницата беше разгледана и работата на Интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, односно нејзините активности за 2021 година. Групата го следи хармонизирањето на родовите политики во Македонија со оние на ЕУ и го нотира нивниот прогрес во разните институции.

    Минатата година групата ги разгледувала стратешките документи од оваа област.

    15 отсто повисоки плати за давателите на услуги во градинките

    На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата го разгледа и усвои Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата, по што е испратен во Собранието за донесување по скратена постапка. Со измената, законот се усогласува со Законот за минимална плата. Измените предвидуваат висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57 отсто од просечната плата, наместо сегашните 50 отсто од просечна плата и од растот на трошоците за живот.

    Предвиден е и раст на платите на давателите на јавни услуги во установите за деца и нивно усогласување со платите на други даватели на услуги. Платата за сите даватели на услуги во детските градинки се зголемуваат за 15 отсто.

    Договор меѓу дијаспората и 23 општини

    Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување на Договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија  и општините, при што беше прифатен усогласениот текст.

    Договорите за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија и 23 општини ќе бидат потпишани од министерот без ресор задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи.

    Од утре па до вторник исплата на пензиите

    На денешната седница, беше усвоена редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец.

    Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

    За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток);

    За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);

    За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник);

    За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).

    Со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 %.

    Зголемувањето е направено согласно новата методологија одобрена во март годинава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img