More

    Од Србија е побарано да се приклучи на санкциите кон Русија

    spot_img

    Групата седум индустриски развиени земји (Г-7) ги пофали Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија за целосно усогласување на надворешната политика со Европската Унија, вклучително и санкциите, и ја повикаа Србија да го стори истото. Силно го поддржаа и брзото отворање на преговорите на Македонија и на Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

    -Министрите за надворешни работи на Г-7 го поздравија напредокот во инклузивната регионална соработка и енергетската транзиција, особено преку Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес – беше објавено синоќа на веб-страницата на германското Министерство за надворешни работи по средбата во Германија.

    Министрите од Г-7 ја потврдија својата посветеност за европската перспектива на шесте земји од Западен Балкан за кои, како што се вели, обезбедуваат безбедност, стабилност и просперитет во регионот.

    Тие го поздравија фактот што Западен Балкан е обединет во осудата на руската агресија врз Украина, особено во Генералното собрание на ОН. Го поздравија усогласувањето на Босна и Херцеговина со рестриктивните мерки на ЕУ против Русија и едностраното усогласување на Косово со тие мерки.
    Министрите за надворешни работи на Г-7 ги повикаа Косово и Србија да се вклучат конструктивно во дијалогот со посредство на ЕУ, целосно да ги спроведат сите претходни договори без одлагање и да ги нормализираат односите преку сеопфатен и обврзувачки договор.

    Во соопштението се додава дека земјите од Г-7 мора да продолжат да му „помагаат на Западен Балкан да ја намали зависноста од руските енергенси и чувствителноста на економската принуда“.

    Во соопштението се изразува загриженост поради продлабочувањето на политичката криза во БиХ и се осудува секој обид за поткопување на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

    Членки на Г7 се САД, Обединетото Кралство, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img