More

    Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за недомаќинско работење

    spot_img

    СДСМ е директен виновник што државата и граѓаните не можат да се справат со економската криза, обвинуват од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

    – Изминативе неколку месеци потрошиле 2 милиони евра на луксуз. Само вчера презентиравме дека за кафиња, златен прибор за јадење, хотелски сместувања, телефонски услуги, режано цвеќе се потрошиле над половина милион евра. Еве на пример, претпријатието „Македонски Железници“ иако е на раб на банкрот секој месец во годината, повторно се потрошиле над 7 милиони денари за канцелариски материјал и на кондуктерски ташни. Иако доколку некој ги праша вработените таму, самите ќе кажат дека можеби баш сега и не им се потребни ташните и дека имало претходно набавка односно дека поважно им е редовно да земаат плата – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

    Тој објави примери за ненаменско трошење и во други јавни претпријатија.

    – Републичкиот совет за безбедност при сообраќај на пример одвоил околу 5 милиони денари за услуги за печатење. Да беа свесни дека ќе има економска криза, иако знаеле, ќе сфатеа дека тие пари би било попаметно да ги потрошат на некоја друга ставка или за нешто друго. ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, во време кога знаеле дека ќе има криза, за процена на деловен простор одвоиле 4.7 милиони денари. Ако сакале да заштедат и ако сакале да превенираат со трошење пари, ќе искористеле некоја од државните институции која што може да направи процена на деловниот имот и ќе ја направеле процената, а претпријатието ќе ги заштедело овие 4.7 милиони денари – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img