More

    Од ВМРО-ДПМНЕ бараат интерпелација за пратеничката Марија Герогиевска

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе барање за Интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска од СДСМ, затоа што неделовнички и неуставно на сѐ уште незавршена точка на дневен ред и незавршена комисија, поднела парцијален извештај до деспотот во Собранието, Талат Џафери за уставни судии, изјави пратеникот Антонијо Милошоски.

    – Тие уставни судии што им одговараат, ги поднесуваат на гласање, без воопшто да биде завршен процесот на дискусија на самата седница која што именуваната Марија Георгиевска не ја закажуваше цели десет месеци до пред некое време. Тоа е спротивно на членот 128 од Деловникот каде што е точно наведено дека работното тело заседава и откако ќе заврши седницата подготвува извештај и записник за тоа што се одлучило на самото работно тело, а оваа седница на Комисијата за избори и именувања не е завршена – рече Милошоски.
    Според него, вториот прекршок е врз членот 129 од Деловникот каде што пишува дека за известител во однос на кои било седници од работните тела најчесто е претседателот на тоа работно тело пред пленумот, а Георгиевска не се појавила пред пред пратениците да објасни зошто поднела парцијален извештај.

    – Сметаме дека со ваквото однесување на владејачкото мнозинство во Собранието дополнително се девалвира не само Уставниот суд како институција, дополнително се девалвира и Собранието, а најмногу довербата на граѓаните во правосудството. Очекуваме оваа интерпелација да биде во најкус можен рок ставена на пленарна седница и се надеваме дека пратениците кои што веруваат не само во политиката како професија туку и во Деловникот како демократска процедура, ќе ја поддржат и ќе може на чело на Комисијата за избори и именувања да дојде пратеник кој ќе го почитува Деловникот кој што е начин на демократска работа во Собранието – рече Милошоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img