More

    Овие луѓе немаа никаква врска со војната во Украина

    spot_img

    Од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари, досега се убиени повеќе од 12.000 цивили, изјави денеска началникот на украинската полиција, Ихор Клименко, во интервју за новинската агенција Интерфакс-Украина, пренесе ДПА.

    Седумдесет и пет отсто од жртвите се мажи, два отсто се деца, а останатите 23 отсто жени, објасни шефот на украинската полиција.

    – Тоа се цивили, овие луѓе немаа никаква врска со војската или со органите на редот – нагласи Клименко.

    Засега 1.200 од жртвите сѐ уште не се идентификувани, додаде тој.

    Повеќе од 1.500 тела беа пронајдени во областа околу главниот град Киев, откако руските војници се повлекоа на крајот на март. Откривањето на масовните гробници и врзаните трупови во предградието Буча предизвика меѓународен шок и негодување.

    ОН досега регистрираа 4.300 цивилни жртви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img