More

    Новиот пристап на Софија кон Скопје го поддржуваат 31% од Бугарите

    spot_img

    Иако бугарското општество бележеше висока поддршка дури и до 80 отсто за ветото кон Северна Македонија, првото поголемо истражување на јавното мислење по формирањето на новата бугарска влада, открива дека има поместување во ставовите околу новиот пристап во односите меѓу двете земји, пишува Дојче веле.

    Најавениот нов, пофлексибилен пристап во преговорите на Бугарија со Северна Македонија го поддржуваат 31 отсто од испитаниците, 49 отсто го поддржуваат претходниот поцврст став, a 20 oтсто не можеле да проценат. Ова се резултатите од одговорите на прашањето: Која од двете позиции ја поддржувате – објавениот нов, подијалошки и флексибилен пристап на Бугарија кон Северна Македонија или претходната потврда позиција? Истражување го спровела „Алфа рисрч“ од 6 до 14 февруари на 1.060 полнолетни бугарски граѓани од целата земја, преку директно, стандардизирано интервју.

    Според анализата, со исклучок на Демократска Бугарија, поддржувачите на сите други партии во владејачката коалиција, вклучително и поддржувачите на „Продолжуваме со промената“, го претпочитале досегашниот (стариот) пристап. Но, според истражувачите од „Алфа рисрч“, тоа не значи дека новиот пристап е осуден на неуспех, туку ја потврдува максимата – не е доволно да кажеш, важно е да убедиш.

    Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера се обидел да ги убеди соговорниците во Брисел дека новиот пристап во разговорите меѓу двете земји дава резултати. Тој го запознал еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со конкретните резултати постигнати за само неколку дена, благодарение на новиот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Притоа Петков истакнал дека клучни се резултатите, а не роковите, и изразил надеж дека подобрувањето на секторската соработка ќе придонесе за заемно прифатливи решенија за политичките прашања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img