More

    Никогаш нема да погодите кој стои зад оваа маска!

    spot_img

    Популарната забава по две години пауза, ја исчекуваа ѕвездите на славната сцена, а вака ги пречека познатата манекенка.

    Откако две години не можеше да ја организира омилената забава за „Ноќта на вештерките“ поради пандемијата, Хајди Клум се надмина себеси оваа година. Кралицата на „Ноќта на вештерките“, како што ја нарекуваат, е позната како најголема обожавателка на овој празник меѓу славните, со месеци го подготвуваше својот костим, а бројни познати пријатели од година во година се натпреваруваат кој ќе го има „најстрашното“ парче.

    Но, Хајди на оваа забава не остава ништо на случајноста. Таа во понеделникот вечерта ги пречека гостите во  костим на црв – и тоа на џиновски црв.

     

    Таа на новинарите им даде сосема реална презентација бидејќи своите изјави ги даваше легната на подот, исто како вистински црв. На забавата ја придружуваше нејзиниот сопруг Том Каулиц кој се маскираше во рибар со едно око, а нејзината ќерка Лени Клум избра маска за жена-мачка инспирирана од ликот на Мишел Фајфер.

    Познатата манекенка и водителка беше целосно покриена со маската, освен очите и устата, а пред камерите убедливо ја изведе сликата на црв кој танцува и лази по подот.

    На својот Инстаграм, пред забавата, ѕвездата покажа како започнале подготовките, дури 11 часа пред забавата. Целиот тим работеше на нејзиниот костим од јуни оваа година, а откако ги поздрави гостите и се обиде да погоди кој се крие зад секоја маска, Клум од црв се претвори во заводлива хероина во проѕирен костим покриен само со кристали.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img