More

    На странските пазари цените се повисоки за 10,9 отсто

    spot_img

    Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември 2022 година, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 15,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

    Во септември 2022, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,1 отсто.

    Во септември 2022, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 14,6 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 43,1 процент.

    Според Државниот завод за статистика, во септември 2022 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се пониски за 0,5 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 10,9 проценти.

    Државниот завод за статистика соопшти дека во септември 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, но се повисоки за 71,4 проценти на годишно ниво.

    Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба.

    – Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори, наведува Државниот завод за статистика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img