More

    На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија на којашто се испишани телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и владејачката коалиција

    spot_img

    На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија на којашто се испишани телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и владејачката коалиција.

    Насловот на фотографијата е: „Порачајте им да не го предаваат народот“.

    Портпаролот и пратеник од СДСМ, Дарко Каевски, во разговор за Канал 5 потврди дека тој и десетина други пратеници веќе добивале телефонски повици, најчесто во ноќните часови.

    Лицата кои им се јавувале ги навредувале и барале од нив да не кренат рака на пленарната седница за францускиот предлог.

    Од скопското Јавно обвинителство велат дека го следат случајот.

    – Ги следиме информациите и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе се постапи согласно законските надлежности – велат од ЈОРМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img