More

    Најмногу до шест месеци можат странските возила да престојуваат на територијата на Република Северна Македонија

    spot_img

    Најмногу до шест месеци можат странските возила да престојуваат на територијата на Република Северна Македонија и во тој временски период не плаќаат никакви давачки на државата, освен патарина поради тоа што се движат.

    Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарските прашања каква е законската регулатива, колкав временски период може да се управуваат моторни возила со странски регистарски ознаки на територијата на нашата држава, дали МВР врши контрола на овие возила и дали во тој период од шест месеци освен патарина овие возила плаќаат некакви давачки на државата.

    Спасовски нагласи дека нема промени во делот на граничното управување, има посебни законски членови за царинско работење, а МВР соработува со Царинската управа.

    – Апсолутно никој нема ништо против никого во државата, меѓутоа сакаме тоа што е Закон, така како што се почитува во другите држави, да се почитува и овде – изјави министерот Спасовски по денешната посета на СВР Струмица и средбата со градоначалникот Костадин Костадинов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img