More

    Најавите за „сопирање на гасот“ ја менуваат берзата

    spot_img

    Денес е последен ден за рускиот гас да се плати во валута различна од рубљи, според неодамнешното барање на Владимир Путин кон европските земји. Неговата изјава и можниот страв од прекин на дотокот за Европа  доведе рубљата повторно да се искачи за 10 отсто на светските берзи по првичниот пад од над 30 отсто кој следеше по санкциите од Западот кон Москва. Сепак, можеби главната причина за искачувањето се мировните преговори кои вчера покажаа напредок, пишува РусијаДенес.

    За контраст, американскиот долар, земено во однос на рубљата, вчера и денес падна за скоро 40 отсто. За доларот да падне од речиси 140 на 85 за една рубља, некој некаде, вчера и денес, сменил многу долари и тргува со рубљи, можеби купувајќи нафта, се шпекулира меѓу економистите. Но, светските финансиски институции сѐ уште немаат официјално објаснување за новите текови. Дека ситуацијата на Запад не е добра потврдува и фактот што кривата на принос на инвестиции на берзата во Волстрит отишла во минус последните денови, нешто што обично се случува кога има голема рецесија.

    Во меѓувреме, бројките за рубљата одат нагоре. Валутата се тргуваше за под 83 во однос на американскиот долар во најсилното читање за еден месец. Таа, исто така, се зголеми во однос на европската заедничка валута за да се тргува по околу 93 рубљи за евро. Руската валута драматично порасна во последните три недели, што, според РусијаДенес, ја одразува ефикасноста на монетарната политика усвоена од руската Централна банка како одговор на санкциите.

    Валутата падна на рекордно ниско ниво од 151 рубља во однос на зелената банкнота на 7 март, откако беше цел на западните санкции. Но, оттогаш, нејзината вредност се удвои во однос на американскиот долар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img