More

    НАТО очекува голема руска офанзива

    spot_img

    Информациите на НАТО укажуваат на тоа дека Москва подготвува нова офанзива во источна и јужна Украина и оти  се очекува круцијална фаза на војната, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево ги брифираше новинарите, пред утрешниот вонреден министерски состанок за надворешни работи. Тој предупреди дека се влегува во „круцијална фаза“ на војната.

    – Русија се повлекува од Киев и од поголемиот дел од северот, значително го намалува присуството затоа што не успеа, Путин не ја постигна целта, неговата цел беше да го заземе Киев, но не успеа да го заземе Киев и многу градови на северот. Сега ги преместува трупите од северот кон Белорусија, па долу на исток во Русија, со цел да ги обнови трупите со војници и муниција – посочи Столтенберг.

    Русија, рече генералниот секретар, брои големи загуби, но нема да се откаже.

    – Очекуваме нова концентрирана офанзива врз Донбас, за да го заземе цел Донбар, областа каде Украина има и најмногу вооружени сили, за тоа е потребно некое време, неколку недели, но се плашиме дека ќе има нова голема руска офанзива во Донбас и во тој временски рок е екстремно важно да дадеме поддршка, да ги снабдиме украинските сили вклучително и со разни видови опрема – објасни Столтенберг.

    Министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат токму за разните видови поддршка што треба да и се дадат на Украина, како и испорака на противтенковско оружје, системи за противоздушна одбрана и друга опрема.

    Но, НАТО нема да смени став во однос на испраќањето свои сили на терен ниту затворање на небото, повтори шефот на Северноатлантската алијанса, и покрај барањата на Киев.

    – Нема да има трупи на НАТО, ниту авиони на НАТО во украинското небо, имаме одговорност да спречиме војна помеѓу Русија и НАТО, која би предизвикала уште повеќе смрт, уништување и би била уште поопасна – рече Столтенберг и додаде дека не очекува ниту една земја-членка на Алијансата да побара испраќање на НАТО војска во Украина.

    Тој повтори дека директна конфронтација со Русија, која е нуклеарна сила претставува преголема опасност за НАТО земјите.

    Столтенберг предупреди дека откако ќе се повлечат целосно руските трупи од Украина, треба да се очекуваат нови сцени како оние во Буча. За НАТО, масакрот во Буча е целосна одговорност на Москва. Русија од своја страна обвинува дека масакрот е извршен по руското повлекување од овој град на крајот на март.

    – Имаме информации од разни извори, отворени извори, комерцијални сателити, сите ја кажуваат истата приказна. Се случија брутални ѕверства на многу места во Украина и се случија кога Русија ги контролираше, и се плашам дека ќе видиме уште примери на убивање и таргетирање на цивили, што се воени злосторства  наведе Столтенберг.

    Членството на Украина во НАТО и натаму не е маса, затоа што за такво нешто нема консензус помеѓу 30-те земји членки на Алијансата. Според Столтенберг, важно е да се извлечат поуките од војната во Украина за да можат да се спречат исти сценарија во земји кои се наоѓаат во слични ситуации, посочувајќи ги како пример Грузија и Босна и Херцеговина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img