More

    НАСА го откажа лансирањето ракета кон Месечината

    spot_img

    Вторпат за пет дена НАСА го запре одбројувањето и го одложи лансирањето на ракета кон Месечината поради истекувањето на гориво.

    На 29 август беше стопирано лансирањето поради проблеми со сензор на моторите и истекување на гориво.

    Тоа ќе беше првиот лет во програмата на НАСА за истражување на Месечината во 21 век, наречена Артемида по митолошката сестра близначка на Аполон.

    Сега нема астронаути во капсулата Орион, која би требало да ја носи ракетата, но наместо тоа има тест-кукли, опремени со сензори за мерење на вибрации, вселенско зрачење и други услови. Под претпоставка да биде успешен пробниот лет со куклите, во 2024 година е планирано во вториот лет околу Месечината да има и астронаути. Во третата фаза е планирано слетување на Месечината и според сегашните проекции тоа би требало да биде во 2025 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img