More

    Му дозволил на свештеник педофил да работи со деца

    spot_img

    Жртва на свештеникот педофил Питер Х. поднесе тужба против папата Бенедикт XVI и други претставници на римокатоличката црква во Германија.

    Како што пишуваат медиуми, во тужбата се наведува дека папата, прв поглавар на римокатоличката црква кој се повлекол од тоа место, знаел за сите околности, а свештеникот злоставувал и претходно.

    Лицето го обвинува папата дека и покрај тоа што знаел за педофилските склоности на свештеникот, му дозволил да работи со деца и млади.

    Папата Бенедикт, во време кога бил надбискупот Џозеф Рацингер, во почетокот на 1980-те години, го примил свештеникот во својата епархија иако тој бил казнет поради педофилија.

    Во Баварија свештеникот злоставувал деца.

    Иако кривичните дела се застарени, адвокатот на жртвата, Андреас Шулц поднесе тужба со што треба да се утврди вината на црквата.

    Доколку судот дојде до заклучок дека свештеникот Питер Х. го злоставувал лицето што поднесе тужба, тогаш можно е црквата да биде принудена да му плати отштета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img