More

    Момчето на Ријана обвинето за напад со огнено оружје

    spot_img

    Партнерот на пејачката Ријана, американскиот рапер и музичар АСАП Роки е обвинет за учество во вооружен напад што се случил во ноември во Холивуд, соопштија властите на американската сојузна држава Калифорнија.

    -Музичарот, чие вистинско име е Раким Мајерс (33), се соочува со обвинение за напад со полуавтоматско оружје. Според документите, тој е обвинет дека вперил пиштол кон свој поранешен пријател, при расправија, и испукал двапати, нанесувајќи ѝ на жртвата „лесно ранување“-  соопшти Окружното обвинителство на Лос Анџелес.

    АСАП Роки, кој наскоро треба да се појави на суд, беше уапсен во април на аеродромот во Лос Анџелес при симнување од приватен авион по лет од Барбадос, од каде што е неговата девојка Ријана. Со неа во мај добија и дете.

    Во август 2019 година, раперот беше осуден на условна затворска казна за насилство во тепачка во Стокхолм, Шведска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img