More

    МНР на Грција одреди специјален претставник за Западен Балкан

    spot_img

    Министерството за надворешни работи на Грција, по одлука на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, одреди специјален претставник за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

    Од грчкото МНР соопштија дека Дендиас, „кој во изминатите седмици беше во Тирана, Скопје, Сараево, Белград, Подгорица и во Приштина одлучи да назначи специјален пратеник на Министерството за Западен Балкан.

    Амбасадорката на Грција во Букурешт Софиа Грамата ќе биде специјалната претставничка на грчкото МНР за Западен Балкан, а паралелно ќе ги извршува и актуелните должности.

    „Грција придава примарно значење во консолидацијата на мирот, безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Западен Балкан. Во овој контекст, промовира консолидација на билатералните односи врз основа на почитување на меѓународното право, меѓународното право на морето и активно ја поддржува нивната европска перспектива, соопштија од грчкото МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img