More

    Мицкоски вели дека суверенитетот извира од граѓаните

    spot_img

    Крајната формулација на прашањето на можниот референдум кој го инцира ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае по консултацијата со експерти, а потоа ќе се соберат потребните 150.000 потписи за негово организирање, објасни лидерот Христијан Мицкоски по синоќешната седница на ИК на партијата.

    – Суверенитетот извира од граѓаните и ако навистина има минимум демократски капацитет кај СДСМ и ДУИ, тогаш не гледам причина зошто да не го прифатат референдумот, иако не исклучувам било какви политички маневри и гимнастики од страна на спикерот Џафери во Парламентот – изјави Мицкоски.

    Мицкоски истакна дека прашањето дополнително ќе и биде на јавноста познато, а бидејќи во периодот кој што следи ќе се водат процесите на консултации со експерти од областа, од областа на референдумско изјаснување, уставното и меѓународното право за да се дојде до едно решение.

    – Се надевам дека ќе биде како постапка најпрво прифатена од страна на спикерот Џафери во парламентот,  а потоа и ќе собереме 150 илјади потписи и ќе излезeме на едно такво изјаснување. Но, ќе повторам уште еднаш тоа го зборував изминативе денови дека треба да се насочиме на проблемот,  ова се три одвоени процеси – рече Мицкоски.

    Вчера до доцна Извршниот комитет разговарал за референдумот и општата политичка состојба во Македонија. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во куса пресконференција до новинарите рече дека идејата за референдум била едногласно прифатена и дека партијата ќе се консултура со сите општествени и политички чинители во врска со одлуката.

    Од владечката СДСМ денеска рекоа дека нема да поддржат референдум кој би значел гласање против македонскиот јазик во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img