More

    Министерот за еден ден се појави со „обични членови“ и најави фракција во ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Оливер Андонов, поранешeн министер за внатрешни работи, денеска пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја објави, како што рече, „фракцијата за демократизација и ревитализација“ која ќе делува паралелно во најголемата опозициска партија. Тој повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да даде оставка.

    – Партијата која во почетокот беше симбол на македонската демократија стана симбол на политичка декаденција. Покрај оставката на Мицкоски и целта за организација на нови избори за нов претседател, бидејќи сметам дека Мицкоски е потполно потрошен, ќе следува и повик до членството во комитетите, кои се речиси целосно мртви, да се обединиме – рече Андонов, додавајќи дека се појавил на пресот со обични членови на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој додаде дека на Мицкоски голема грешка му била што дал поддршка за независен кандидат за градоначалник на Град Скопје при толку масовно членство во ВМРО-ДПМНЕ.

    – Ќе упатам една порака до сите таканаречени ботови – никој во оваа фракција не работи ниту за СДСМ, ниту е платен за некого да работи – наведе Андонов.

    Од ВМРО-ДПМНЕ кусо искоментираа дека иницијативата на Андонов е толку безнадежна и безначајна што не вреди посебен коментар.

    „ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети и ја има убедливата поддршка од граѓаните кои бараат промени во власта. Секако тоа го стимулира амбициите на луѓе и поединци кои се насочени исклучиво кон добивање функции и позиции, а кои откако нема да ги добијат стануваат жестоки критичари и на тој начин сакаат да влезат во фокусот. Нормално бидејќи на власта ѝ е потребен дефокус од скандалите, од дезертерствата, инфлацијата и енергетската криза совршено во тој план се вклопуваат таквите поединци и разно-разни нејзини инсталации и уценети поединци на кои ќе им дадат гласност. Како резултат на сѐ поочигледната кадровска и програмска индиферентност на СДСМ, не би нѐ изненадило и други ликови од темниот полусвет на македонската политика да ги злоупотреби за да создава некаков привид за наводно неединство во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сметаме дека иницијативата на Андонов е толку безнадежна и безначајна што не вреди посебен коментар. Му посакуваме среќа и немаме што друго да додадеме“, се наведува во коментарот од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img