More

    Милошоски смета дека понудениот предлог ја носи државата во ќорсокак

    spot_img

    Не е точно дека не може да се смени нешто затоа што оваа преговарачка рамка треба да има конкретни, содржински измени за да биде текст кој што ќе може да ни служи во следните 15-20 години, колку и да преговараме, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во своето гостување во вестите на Сител, вечерва.

    Тој посочи дека преговарачката рамка треба да се подобри бидејќи ваква каква што е ја носи државата во ќорсокак.

    – Гледам дека Владата се обидува да ја релативизира лошата преговарачка рамка на која што веројатно се согласиле и сега Македонија е доведена пред свршен чин. Јавноста експертска, новинарската, законодавната преку пратениците да прифати нешто, еден лош договор кој што македонската дипломатија не успеала да го направи подобро – рече Милошоски.

    Тој потсети како се одвивале преговорите на Хрватска со ЕУ и како таа успеала да издејствува поповолна рамка во преговорите.

    – Хрватска за време на своите преговори имаше на почетокот одредени за неа неповолни позиции, но се обеденија сите и успееја да си издејствуваат подобра позиција. Сакам да кажам ако има сериозна држава, сериозна дипломатија, ако има добра сплотеност на Собрание, на претседател, на Влада, преговарачката рамка може да се подобри и треба да се подобри бидејќи ваква што е нѐ води во ќорсокак. Ниту нуди европска перспектива, јасна и конкретна, ниту нуди подобри односи со Бугарија. Напротив ќе имаме поголеми тензии и дополнително со барањето за смена на Уставот само ќе создава поларизација во Македонија. Ние имаме три штетни последици од ваквата преговарачка рамка – додаде Милошоски.

    Тој смета дека сега во Собранието има само девалвирање на законодавниот дом од страна на Владата бидејќи таму е стигнат еден документ од еден лист во кој ја нема ниту преговарачката рамка во целина, ниту општиот став и заклучоци од страна на ЕУ, а најмногу, како што рече, се крие двостраниот македонско-бугарски протокол.

    – Сметаме дека спикерот Џафери треба да ги побара од Владата сите овие документи за да може да дебатираме, инаку за што би дебатирале – додаде тој.

    Милошоски рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе бидат во Собрание бидејќи почнува ребалансот на буџетот и дебатата за него.

    – Ќе направиме сѐ што е во наша моќ во Собранието ова да не оди брзо и лесно и ќе направиме сѐ што треба да го претставиме мислењето на граѓаните каде што 73% од Македонците се против оваа преговарачка рамка која ја нарекуваме француска, а всушност бугарскиот премиер Кирил Петков денеска кажа дека тоа е бугарска преговарачка рамка која што станала европска. Сметам дека таа е пораз на бугарската дипломатија и тоа во Собранието ќе го разобличиме темелно – истакна Милошоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img