More

    Меси не може да се всели во новата куќа на Ибица вредна 11 милиони евра

    spot_img

    Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси купи вила на Ибица вредна 11 милиони евра, но веднаш се соочи со неочекувани проблеми.

    Аргентинецот го купил имотот на западниот брег на Ибица од швајцарскиот бизнисмен Филипе Амон, а според угледниот шпански весник „Периодико де Ибица“, договорот бил финализиран на 3 февруари.

    Сепак, како што тврди споменатиот весник, вилата има проблеми со легализацијата и сè уште не ја добила употребна дозвола – документ издаден од агенцијата за локална самоуправа со кој се потврдува дека е во оптимална состојба за живеење.

    Проблемите со легализацијата се поврзани со изградбата на неколку соби во гаражата на недвижноста, кои се појавиле пред купувањето на Меси, пишува весникот.

    Адвокатот што го застапува седумкратниот добитник на „Златната топка“ сега е во преговори со претставниците на локалната градска власт за да се обиде да ги реши проблемите.

    Меси најверојатно ќе мора да ги урне просториите кои не биле дел од првичните планови во новоизградениот имот за да добие согласност за легализирање на имотот.

    “„Периодико де Ибица“ известува дека и покрај проблемите со планирањето, Меси и неговата сопруга поминале одредено време во својот дом на Ибица ова лето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img