More

    МВР – извадок на дел од дневни настани 24.02.2022

    spot_img

    На 23.02.2022 во 21.00 часот, врз основа на судска наредба, од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип била приведена  В.К.(49) од Штип. Таа била барана за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик. Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

    На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З.К.(32) од Кривогаштани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.  З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“.  Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од општина Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 23.02.2022 во 23.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 23.02.2022 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.Т.(18) од Штип, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По комплетирање на случајот против Д.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 23.02.2022 околу 15.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Јажинце при влез во државата ја привеле Р.С.(46), од тетовско Добарце. Таа се барала за издржување на тригодишна затворска казна за „неовластено изработување, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 2 од Кривичниот законик. Околу 23.30 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

    На 23.02.2022 полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Р.М. од Дебар. Тој бил затекнат при обид за кражба од деловен објект во Дебар. При приведувањето се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства и се обидел да ги нападне со остар предмет. По документирање на случјот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    На 23.02.2022 во 13.45 часот на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.М.(26) и М.Р.(32) од Битола. Тие биле затекнати при  извршување кражба од објект во изградба. Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело и двајцата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 24.02.2022 во 00.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при извршени проверки било констатирано дека Г.А.(33) од Косово во оперативната евиденција е со марка „апси“, по барање на Интерпол-Бахреин. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

    На 23.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршок, од кои 8 надвор од населено место и 13 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Во периодот од 08.00 до 12.00 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. За време на акциската контрола биле констатирани 9 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. Истиот ден, во времето од 16.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци сторени од страна на возачите за недавање првенство на минување на пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 5 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 12 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 4 за користење мобилен телефон и 1 за прекршок сторен од страна на пешаци.

    На 23.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола над возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, 27 возила биле упатени во Станица за технички преглед, а кај 6 од нив се констатирани неправилности, кои биле соодветно санкционирани.

    На 23.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, на вонреден технички преглед биле испратени 16 автобуси (Охрид-06, Струга-07, Кичево-02, Дебар-01), а кај 4 автобуси констатирани се технички неисправности на уредот за сопирање (Охрид-01, Струга-01, Кичево-01, Дебар-01). Против возачите и правните субјекти поднесени се соодветни платни налози.

    На 23.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле констатирани и санкционирани 7 прекршоци (Велес 6, Кавадарци 1).

    На 23.02.2022 во периодот од 16.00 до 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци, а во која биле откриени и санкционирани вкупно 12 вакви прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-4). Најголемиот број од овие прекршоци (9) се однесувале на непропуштање на пешаци на обележани пешачки премини. При контролата, исто така, со соодветни законски предвидени поднесоци биле заокружени и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-9).

    На 23.02.2022 во периодот од 16.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање возачи кои не почитуваат првенство на минување на пешаци на пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани 7 прекршоци (Велес 5, Кавадарци 2).

    На 23.02.2022 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ќемал Сејфула“, бул.„Босна и Херцеговина“ и  ул.„Бутелска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „џилера“, управуван од Х.Б.(24) од Скопје и патничко возило „рено меган“управувано од Б.М.(20) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата Х.Б. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 23.02.2022 во 15.25 часот во Полициската станица Аеродром, М.Б.Ј.(40) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифоски Питу“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 23.02.2022 во 22.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат с.Иловица – с.Турново, струмичко, малолетник од с.Иловица, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, на кој се превезувале уште двајца малолетници од истото село, изгубил контрола, при што еден од двајцата сопатници паднал на коловозот. Тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

    На 23.02.2022 во 19.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.А.(51) од Скопје пријавила дека на крстосницата од ул.„Јани Лукровски“ и ул.„Бапчор“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img