More

    Мартенс најавува контакти и со Србија, Бугарија и Хрватска

    spot_img

    Претприемaчите ги искористија тековните случувања (војната во Украина и пандемијата) како можност да ја преиспитаат досегашната мрежа на добавувачи и да се отворат кон нови пазари. Фокус е ставен на пазарите за набавка на суровини кои се во близина, изјави Патрик Мартенс
    директор на Делегацијата на германското стопанство.

    – Сепак нестабилните курсеви на валутите кои се користат во земјите кои не се членки на ЕУ, подолго време за добивање на одговори, тешкотии при комуникацијата, политичката и правна несигурности се клучни фактори на ризик со кои се соочуваат компаниите – вели Мартенс.

    тој додава дека на заедничкиот вебинар организиран од Стопанската комора на Рајнхесен, Стопанската комора на Пфалц и Стопанската комора на Франкфурт на Мајна, фокусот е ставен на Бугарија, Хрватска, Северна Македонија и Србија.

    – Заедно со моите колеги од Германските стопански комори во Бугарија, Хрватска и Србија и експертите од Germany Trade and Invest, ги информиравме германските учесници за можностите кои ги нудат нашите пазарите за набавка на суровини и услуги. Дополнително ги информиравме учесниците за предизвиците во глобалните синџири на снабдување низ светот, а со нив ги споделивме и искуствата и советите за земјите за кои сме одговорни – додава Мартенс.

    Тој информира и за средбите со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски на кој е дискутирано за германските инвеститори, како и за можностите за поставувањето на фотоволтаични панели на крововите на компаниите во ТИРЗ- зоните и средбата со менаџментот на германската инвестиција „Костал“.

    – „Костал“ повеќе од 6 години е во земјата и особено ме радува дека компанијата се одлучи ја прошири својата инвестиција со нови 25 милиони евра и да отвори 200 дополнителни работни места. Компанијата досега во Северна Македонија има вложено над 100 милиони евра – вели иректорот на Делегацијата на германското стопанство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img