More

    Лавров и кинескиот колега ветија мултиполарен свет

    spot_img

    Нов, праведен мултиполарен свет ќе создаде Русија заедно со нејзините истомисленици, најави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на средба со својот кинески колега Ванг Ји во источната провинција Анхуи, каде Кина е домаќин на дводневна конференција за прашањето околу Авганистан, пишува хрватски Дневник.

    – Заедно со вас и другите истомисленици ќе се движиме кон мултиполарен, праведен и демократски светски поредок – рече Лавров, додавајќи дека ова е многу тешко време во историјата на меѓународните односи.

    Лавров и Ји ги осудија „незаконските и контрапродуктивни“ санкции на Западот наметнати на Москва поради нејзината „специјална воена операција“ во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

    „Министрите разменија мислења за ситуацијата околу Украина. Шефот на руското Министерство за надворешни работи го информираше својот кинески колега за напредокот на специјалната воена операција … и динамиката на преговарачкиот процес со режимот во Киев“, се вели во соопштението од руското МНР.

    Министерството соопшти и дека двајцата министри се согласиле Русија и Кина да продолжат да го зајакнуваат своето стратешко партнерство и да зборуваат за глобалните прашања „со еден глас“.

    „Договорено е дополнително да се зајакне надворешнополитичката координација и да се прошири соработката, како билатерално, така и во различни мултилатерални формати“, соопшти Министерството.

    Ванг, од своја страна, рече дека кинеските и руските односи „го издржаа тестот на меѓународните турбуленции“ и дека постои подготвеност од двете страни за понатамошно развивање на односите, објави кинеската телевизија Феникс.

    – Нема ограничување за соработката меѓу Кина и Русија, нема ограничувања за нашите напори да постигнеме мир, да гарантираме безбедност и да се спротивставиме на хегемонијата – рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи на брифинг со новинарите во Пекинг.

    Лавров, кој во понеделникот рече дека односите на Русија со Кина се на историски најсилно ниво, претходно пристигна во Кина на разговори организирани од Ванг, на кои треба да бидат вклучени претставници на владејачките талибанци во Авганистан, како и на Пакистан, Иран и Таџикистан. Узбекистан.

    Кина ѝ даде политичка поддршка на Русија во украинскиот конфликт и одби да ја осуди окупацијата, претставувајќи ги САД и НАТО како главни причинители на кризата. Западните сили се загрижени дека Кина може да си обезбеди материјална поддршка во украинската војна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img