More

    Курти ги повика косовските Срби да ги сменат регистарските таблички

    spot_img

    Косовскиот премиер, Албин Курти побара денеска од сограѓаните од српска националност да имаат „доверба и волја“ на ден пред завршувањето на рокот за промена на нивните српски регистарски таблички со косовски и пред да стапи во сила одлуката за реципроцитет кон Србија за личните документи, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Во пораката на српски јазик преку неговата страница на Фејсбук, Курти вели дека дејствијата кои ќе стапат во сила на 1 август не треба да се сфатат поинаку „освен како одговор на кршењето на правата“ од страна на Белград на сите косовски државјани, вклучително и на Србите.

    – Обврска на Владата е да ги брани вашите права од дискриминирачките дејствија, кои се закана за сите нас. Ова што го започнуваме на 1 август, Србија го започна пред 11 години. Секое наше дејствие е почитување на законот за сите – порача Курти.

    Во јуни годинава Владата на Косово одлучи да им даде рок од два месеци на српските граѓани да ги заменат српските со косовски регистарски таблички. Освен тоа, од понеделник во Косово ќе бидат неважечки српските лични документи и Србите кои ќе влегуваат во земјата ќе треба да се снабдуваат со влезно-излезни лиценци, како што тоа го прават косовските државјани при влез во Србија.

    Мерките наидоа на остри реакции од страна на официјален Белград, како и на претставниците на косовските Срби.

    Косовското МВР објави дека се извршени потребните подготовки за спроведување на новите мерки и дека од 1 август до 30 септември ќе се одвива процесот на замена на табличките во сите центри за регистрација на возилата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img