More

    Кулеба: Да го запреме Путин додека не ја уништил цела Европа

    spot_img

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во својот авторски текст за германскиот весник „Ди Велт“ ја предупредува Германија „да не преземе голема историска вина по втор пат“.

    Текстот, чиј превод го испрати Украинската амбасада во Скопје, го пренесуваме во целост:

    „Завчера во опколениот Мариупол почина шестгодишната Тања… од дехидрација! Дете. Која не ни видела живот. Таа едноставно немала што да пие, бидејќи руските напаѓачи го држеле градот без храна, вода, греење и струја повеќе од девет дена, а не ги пуштија хуманитарните камиони од Украина. Детето почина. Детето не беше митски „неонацист“ или војник на НАТО од руските ТВ емисии. Зошто згасна младиот украински живот, како и уште најмалку 38 детски животи прекинати поради Русите? Какво ѓаволско зло се појави на нашата планета што е способно да изврши такви ѕверства?

    Војната од големи размери на Русија против Украина трае речиси две недели. Руските трупи продолжуваат да вршат варварски воени злосторства и злосторства против човештвото во размери кои Европа не ги видела од Втората светска војна. Тие бомбардираат станбени области во градовите со воздушни бомби од 500 килограми, лансираат крстосувачки ракети врз цивилната критична инфраструктура и спречуваат евакуација на луѓето од опколените градови. Украинците со денови не можат да излезат од подрумите поради гранатирање и закана од убиство. Пресретнавме многу повици на руски војници од Украина. Тие им се јавуваат на своите сопруги, им кажуваат како се пука во цивили и ветуваат дека ќе донесат дома сосема нов телевизор во дневната соба и блендер во кујната, украдени од украинските продавници.

    Сето ова е само стоти дел од тагата, солзите и крвта низ кои Украина минува речиси две недели како еден долг и страшен сон. И сето тоа се случува поради бесмислената, неиспровоцираната агресија на Руската Федерација, заснована на слепата омраза на Путин кон Украинците и на ништо повеќе.

    Претпоставувам страшно ви е кога го читате ова. Но, за сето ова ве предупредивме претходно. Побаравме оружје, а како одговор слушнавме приказни за „историска одговорност“, која поради некоја причина се однесуваше на Русите, но не и на Украинците. Побаравме да не се гради Северен поток 2. Но, вие рековте дека тоа е чисто „комерцијален“ проект. Предупредивме дека Путин е зло од такви размери какви светот не видел осумдесет години. Побаравме да не се повторуваат грешките од минатото и да го запреме пред катастрофата. Вие не ни верувавте и инсистиравте на важноста на дијалогот со Путин. Тој може да не лаже нас, Украинците, но не и вас, Германците, си помисливте вие.

    А потоа вие сами ги признавте грешките. Сега веќе ни давате оружје, го уништивте рускиот гасовод и ги поддржавте првите сериозни санкции. Па, зошто ова не можеше да се направи веднаш штом од вас беше побарано да го направите тоа? Дали навистина требаше да дочекаме кога украинските деца ќе умрат од дехидрација и страшни воздушни бомби?

    Можеби ќе ве интересира
    УКРАИНСКИ БЕНД ВО ЖИВО НАСТАПУВА ОД ЗАСОЛНИШТЕТО Свират во…

    Плусинфо 10/03/2022
    РУСИЈА ГО НАПУШТИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА Ден по инвазијата врз…

    МИА 10/03/2022
    Каква е таа германска политика? Која е нејзината суштина, логика, реализам, прагматизам? Зарем цената за тоа нечии очи да се отворат во Германија е засекогаш да се затворат нечии во Украина?

    Ве замолувам. Отворете ги очите. Несомнено, Хитлер бил уникатно зло. Но, такви размери на омраза, уништување и тага што Путин веќе ни ги нанесува, Украина и Европа не виделе од 1940-тите години. Вие како никој друг треба да знаете дека во ваква ситуација секој час доцнење и сомнеж вреди животи и уште поголема катастрофа.

    На Украина ѝ треба помош. Дајте ни повеќе оружје за да можеме да се браниме. Помогнете ни да го заштитиме нашето небо, помогнете ни да обезбедиме борбени авиони, да обезбедиме посериозно противтенковско, противвоздушно и противракетно оружје. Воведете уште построги санкции против Русија, вклучително и откажување од руските енергетски носители, исклучување на Сбербанк од SWIFT, замрзнување на кореспондентски сметки на руски банки и компании, забрана за влез на руски бродови во европските пристаништа.

    На Украина ѝ е потребен постојан јавен притисок врз Русија од страна на нашите партнери, вклучително со барање да се стави крај на воените злосторства и да се дозволат хуманитарни коридори за спасување на цивилите. Денес, на Европа ѝ требаат големи, историски одлуки. Овие одлуки ќе бидат во интерес и на Украина и на Европа, на која не ѝ треба војна, но за чија безбедност и просперитет е потребна европска Украина.

    Благодарни сме за веќе донесените одлуки во текот на овие две недели. Гледаме дека Германија го промени својот пристап. Германија презеде голем број тешки чекори, иако трагично задоцнети. Но, Путин не запира. Невините украински мажи, жени и деца продолжуваат да умираат. Мора да има повеќе одлуки. Но, главно е дека тие мора да бидат проактивни, мора да бидат итни. Конечно, слушнете ја Украина и дејствувајте додека не сме починале и Путин не тргнал понатаму! Мора да го запреме овој варварин сега додека не ја уништил цела Европа.

    Јас, министерот за надворешни работи на земја која се бори за своето право да постои, веќе не можам мирно да слушам дека на Германија ѝ треба повеќе време за да донесе одлуки за предавање на оружје, скептично гледа на пристапувањето на Украина во Европската унија, воздржано се однесува кон создавање нови моќни, а не номинални санкции против Русија.

    Можеби ќе ви се чини дека веќе сте направиле подвиг со донесување на голем број важни одлуки. Но, додека луѓето умираат во европска Украина, вие направивте премалку. Тоа време дојде: или Германија ќе стане лидер во помагањето на Украина и потиснувањето на руското зло, или Германија ќе има уште една историска одговорност за изгубените животи и уништените градови“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img