More

    Косовската влада ја одложи примената на одлуката за реципроцитет

    spot_img

    Владата на Косово го одложи за еден месец спроведувањето на мерките за реципроцитет со Србија во врска со личните карти и регистарските таблички.

    Како што соопштија властите во Приштина, овие мерки ќе бидат одложени до 1 септември.

    Според медиумите во Косово и Србија, Владата на премиерот Албин Курти го направила тоа на барање на САД.

    Одложувањето на одлуката го поздравија високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот представник Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

    Тој утрово ја поздрави одлуката на косовската влада.

    – Ја поздравуваме одлуката на Косово да го прифати предлогот на Жосеп Борел за едномесечно одложување. ЕУ очекува веднаш да се отстранат сите блокади на патиштата. Борел ги повикува Косово и Србија да се вклучат во дијалог за напредок. Благодарам на американската амбасада во Приштина за силна поддршка, објави на Твитер, Мирослав Лајчак.

    И високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ги одложи мерките за личните карти и регестарските таблички за еден месец.

    Борел очекува да бидат отстранети блокадите на патиштата и на граничните премини, а проблемите да се решаваат преку дијалог.

    – Отворените прашања треба да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ и да се фокусираат на сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, што е од суштинско значење за нивната интеграција во ЕУ, напиша Борел на Твитер.

    Помош околу решавање на проблемот  понуди и Туркије. Министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше со своите колеги од Србија и Косово, пред кои ја изрази подготвеноста на Турција да помогне во намалувањето на тензиите меѓу нив, јави турската приватна телевизија НТВ.

    Чавушоглу имаше одвоени телефонски разговори со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ и косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала во врска со тензиите на границата меѓу двете земји.

    Турскиот министер на своите соговорници им порача дека Турција отсекогаш им придавала значење на мирот и стабилноста на Балканот и дека не е во ничиј интерес да создава нови тензии. Чавушоглу додаде дека здравиот разум мора да надвладее, а Турција е подготвена да направи се што е можно за да ги намали тензиите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img