More

    Ковачевски: Ќе му кажам на бугарскиот премиер Кирил Петков дека и ние ќе отвориме културен центар во Благоевград

    spot_img

    Ќе му кажам на бугарскиот премиер Кирил Петков дека и ние ќе отвориме културен центар во Благоевград, исто како што тие отворија бугарски културен центар во Битола.

    Ова го рече премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање што го постави пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Планирам директно да го информирам колегата Кирил Петков дека како Влада во текот на оваа година имаме намера да отвориме нов културен центар во Република Бугарија, во Благоевград, а името на центарот ќе го определиме во комуникација со нашиот Институт за историја – порача Ковачевски.

    Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избор.

    Мојот личен став за негативниот лик и дело на Ванчо Михајлов не е променет, тој е ист, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

    – Не знам, дали го имате на сликите во вашиот бел дворец. Но, знам дека токму ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник токму на Ванчо Михајлов. Тоа е срамно и недозволиво. Исто како што ваши членови беа на отворањето во Битола, водена од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Срамно е што вие во вашиот статут и грб се повикувате на континуитетот и на Тодор Александров и на Протогеров за кого редовно пеете песни. Патем, нивниот ученик и соработник, токму Ванчо Михајлов, ги реализира нивните ликвидации. Како што сложно тројцата претходно, учествувале во ликвидациите на огромен број македонски левичарски револуционери. Како што тој срамен лик бил водач на ВМРО во 20-тите години на минатиот век, а вие тоа го прифаќате и се гордеете со тој континуитет – порача Ковачевски.

    Премиерот посочи дека дел од основачите на клубот Ванчо Михајлов се фотографирани со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека токму таа партија го слави ликот и делото на Михајлов.

    – Веднаш по отворањето на Центарот, за што веќе ви кажав дека не се согласувам, дадов насоки на надлежните ресори, министри, да направат анализа зошто нема законска регулатива со која ќе се спречат вакви и слични имиња да бидат користени. И најважно, да подготват законска основа за соодветно третирање на истите – рече премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img