More

    Ковачевски ја искритикува опозицијата дека штити интереси на трети држави

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски смета дека прашањето за референдум што го отвора опозицијата е само за нивна внатрешно-партиска употреба и оти политиката која ја водат на, како што рече, штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто што може да им се прави на граѓаните.

    – Собранието донесе одлука оваа држава да продолжи по патот кон своите европски интеграции. Во таа одлука учествуваа пратеници од политички партии кои застапуваат најширок круг граѓани во државата без разлика на политичка, етничка или верска припадност. Оваа држава ќе оди на патот на европските интеграции, и што и да правите нема да ја скршнете ниту лево, а уште помалку десно кон исток – рече Ковачевски во одговор на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

    Во однос на прашањето поврзано со францускиот предлог, тој истакна дека по неговото прифаќање станало јасно дека земјава ја одржа првата меѓувладина конференција, второ оти македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка и дека затоа треба да бидат горди сите 68 пратеници кои кренале рака „за“, како и дека паднале во вода сите невистини кои ги ширела опозицијата.

    Тој им порача на пратениците од опозицијата дека треба да се срамат од она што го правеле на пленарната седница на која се гласаше за заклучоците за преговарачката рамка на Европската Унија и оти секогаш беагаат во клучни моменти и не гласаат за стратешки прашања за државата.

    – Ако некоја партија беше против членство во НАТО, тоа беше вашата партија, ако некој беше против релаксирање на меѓуетничките односи тоа беше вашата партија, ако некој е против членство во ЕУ тоа е вашата партија – истакна Ковачевски, додавајќи дека државата ќе продолжи по европскиот пат без разлика на дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

    Пратеникот Стојановски незадоволен од одговорот, му порача дека власта прави сѐ за да избега од соочување со народот дали на избори или пак на референдум.

    – Ако толку е значајно тоа што го направивте и е нешто кое го бара и се согласува народот, немаше сами да правите прослава, туку ќе бевте заедно со граѓаните. Но, порано или подоцна заедно со народот ќе ве соочиме со народната волја – кажа Стојановски.

    Во врска со референдумот за кој се залага партијата, Стојановски истакна оти идејата на претседателот Стево Пендаровски за тоа како да гласи прашањето е добра основа за да се смисли консензуално прашање и сите да се соочат со народот и неговото мислење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img